Skip to main content
Македонија

Батинци потресено од убиство: Одбила да се омажи, тој го застрелал нејзиниот татко припадник на АРМ

12/07/2025  15:15

На 11 јули 2025 година, околу 10:15 часот, во СВР Скопје било пријавено тешко кривично дело со смртни последици, извршено на влезот од скопското село Батинци.

Според пријавата, Џ.М. пукал кон А.М. (50) од Батинци, кој бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, но околу 11 часот им подлегнал на повредите.

Случајот го пријавила неговата ќерка, Е.М. (20), која изјавила дека претходно, околу 08:30 часот, таа и нејзиниот татко биле на Клиниката за неврологија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Таму, Џ.М. се обидел да стапи во контакт со неа преку телефон, но таа го одбила повикот, бидејќи во изминатиот период тој ѝ се заканувал поради тоа што одбивала да се омажи за него.

По посетата на клиниката, А.М. и Џ.М. заедно се упатиле со возило кон Батинци. На влезот на селото, патот им бил попречен од друго возило, од кое излегол Џ.М. и отворил оган кон А.М.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошниот развој.