Skip to main content
Спорт

Барселона може да се соочи со одземање на бодови во Лигата на шампионите поради финансиски нерегуларности

04/06/2025  10:51

Барселона втора година по ред се соочува со закана од санкции од УЕФА поради финансиски нерегуларности, пишува „Тајмс“.

Шпанскиот клуб претходно ја загуби жалбата пред Судот за спортска арбитража (CAS) поради казната од 420.000 фунти, наметната од УЕФА за нерегуларности во финансиските извештаи. Во пресудата на CAS од октомври 2024 година беше наведено дека повторувањето на прекршокот ќе резултира со „построги“ казни.

Според „Тајмс“, Барселона е фатена како повторно ги прекршува правилата и шампионот во Ла Лига сега се соочува со сериозни санкции, вклучително и намалување на лимитот на бројот на играчи што можат да ги пријават за Лигата на шампионите 2025/26 и одземање на бодови во целокупната лигашка фаза.

Во сезоната 2024/25, Барселона беше елиминирана од Интер во полуфиналето на Лигата на шампионите.