
Екс раководителот на Одделението за невромускулни заболувања на државната Клиника за неврологија, проф д-р Иван Барбов, вечерва се обрати преку социјалните мрежи.
Тој се заблагодари за поддршката што ја добил и најави дека ќе продолжи да работи, онаму каде што е распореден.
„Им се заблагодарувам на сите пријатели, колеги, роднини, а пред се на моите пациенти (од сите вери и нации), кои ме поддржаа во ова време на неправди и партизација на здравството. Денес најголем грев е да бидеш успешен. Но вие драги мои пациенти ми дадовте сила да продолжам понатаму со мојата работа на Клиника за неврологија, во која имам многу инвестирано, и со работа и со едукација.
Да појаснам, ќе работам на местото каде што сум распореден“ пишува Барбов.