Skip to main content
Балкан

Баран по потерница за злоупотреба на деца фатен во Македонија – екстрадирани 15 криминалци во Турција

07/07/2025  16:16


Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја соопшти дека во земјата биле вратени 15 криминалци, од кои 13 биле барани со црвена потерница, а двајца на национално ниво. Меѓу нив се и лица екстрадирани од Северна Македонија, Грузија, Грција, Обединетото Кралство и Германија.

„Во овој мандат на владата, обезбедивме екстрадиција на вкупно 398 криминалци. Ние сме на нивен грб, тие нема да можат да избегаат од нас“, изјави Јерликаја, пренесува турскиот портал „Јени Балкан“.

Во официјалното соопштение беше наведено дека меѓу екстрадираните лица е и М.Г., кој бил меѓународно барано лице од Турција со црвена потерница за кривично дело „Сексуална злоупотреба на деца“, и кој бил лоциран и фатен на територијата на Северна Македонија.

Апсењата и екстрадициите се резултат на координирани истраги и анализи на повеќе турски служби, вклучително и одделите за разузнавање, организиран криминал (КОМ), кибер-криминал, трговија со дрога, јавен ред и криумчарење мигранти. Информациите биле добиени преку базите на податоци на ИНТЕРПОЛ, безбедносните системи, социјалните мрежи и други отворени извори.

Фатиените лица биле успешно лоцирани во земјите каде се криеле и, по завршување на процедурата, екстрадирани во Турција за понатамошно гонење.