Skip to main content
Свет

Банкротираше компанијата што ги произведува амблемите на Мерцедес

26/12/2024  21:08

„Герхарди Кунстофтехник“ (Gerhardi Kunststofftechnik), германската компанија која ги произведува амблемите на Мерцедес-Бенз прогласи банкрот.

Како што пренесува Блумберг, причината за банкротот на „Герхарди Кунстофтехник“ (Gerhardi Kunststofftechnik), која произведуваше автомобилски компоненти, вклучувајќи амблеми и решетки за радијатори за Мерцедес-Бен, Ауди и други автомобилски компании, подолг период била со зголемени трошоци и пад на побарувачката за производите.

Во 2024 година бројот на вработени во компанијата изнесуваше 1500 илјади луѓе, а сега нивната иднина е неизвесна.