
Во согласност со претходно изнесениот став за заштита на своите интереси, Банката на Русија објавува дека ќе бара надомест од европските банки во руски арбитражен суд за загубите предизвикани од нелегалното блокирање и користење на нејзините средства, вклучувајќи ја вредноста на нелегално замрзнатите средства и изгубениот приход“, се вели во соопштението на регулаторот.
Поголемиот дел од замрзнатите руски средства се депонирани на сметките на белгискиот депозитар Euroclear. Билансот на состојба на „Еуроклир банка“ покажува вкупна вредност од 227 милијарди евра на крајот на септември, од кои 193 милијарди евра се „поврзани со санкционирани руски средства“. Санкциите го блокираа плаќањето на купонската камата и отплатата на главницата на долговите хартии од вредност, па овие износи се акумулираат во билансот на состојба на „Еуроклир банка“, според извештајот на „Еуроклир“ за првите девет месеци од годинава, објавен кон крајот на октомври.
Руската централна банка поднесе тужба против „Еуроклир“ во Московскиот арбитражен суд кон крајот на минатата недела поради „нелегални дејствија“ и плановите на Европската унија да ги користи замрзнатите руски средства, барајќи исплата од 18,1 трилиони рубљи (192,2 милијарди евра), соопшти службата за односи со јавноста на московскиот суд.


