Skip to main content
Хроника

Банкарски работник зголемувал лимитите на неговата и картичката на сопругата, ќариле над 10.000 евра

19/12/2025  17:41

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(35) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување”.

Пријавениот, во својство на службено лице во банка во Битола, во неколку наврати вршел неовластено зголемување на лимитите на неговата кредитна картичка и специјален лимит, како и зголемување на лимитот на неговата сопруга, а извршил и незаконско зголемување на својот имот и имотот на неговите сопруга и мајка, односно за себе и за нив овозможил да се стекнат со вкупна материјална корист од 657.400 денари.