Skip to main content
Македонија

БАЛКАНОТ ПРЕД НОВ МЕТЕОРОЛОШКИ ЕКСТРЕМ: Доаѓаат временски непогоди, поплави и ветрови од над 100 км/час!

10/03/2025  13:22

Нов Метеорлошки екстрем од денес (понеделник 10 март), па се до следниот понеделник (17 март) ќе го погоди целиот Балкански Полуостров, и секако, вклучувајќи ја и нашата Македонија. Од една страна, ќе бидеме под влијание на невообичаено топла воздушна маса од југ и истата во делови од Балканот и Македонија ќе услови температури дури до околу 30 степени, а во поголем пораст ќе бидат и минималните утрински температури на воздухот.

Од друга страна, ќе бидеме и под влијаниена длабок циклонски систем кој ни надоаѓа од Атлантикот. Во ваква ситуација ќе дува засилен, повремено силен, а во делови од Балканот, особено на Јадранот и бурен јужен ветер (повремено со брзина дури и од над 100 км/час). За време на овој период на многу места низ Балканот ќе наврне и огромно количество на дожд кој се очекува да услови и локални поплави. Ќе има и појава на временски непогоди.

На Метеоролошката карта можете да го погледнете очекуваното количество на воден талог до следниот понеделник (17 март) во регионот, со што се гледа дека се работи за екстремно количество на врнежи.

На вторава Метеоролошка карта можете да го погледнете очекуваното количество на воден талог исто така до следниот понеделник (17 март) во нашата Република Македонија. И кај нас локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси во форма на невреме со обилен пороен дожд, силен јужен ветер (над 75 км/час), грмежи и со услови за појава на град.