Skip to main content
Спорт

Баерн Минхен со победа од 10:0 против Оукленд во првото коло од Светското клупско првенство

15/06/2025  21:21

Баерн Минхен го победи Оукленд со 10:0 во првото коло од групната фаза на Светското клупско првенство.

Натпреварот се одигра на стадионот „TQL“ во Синсинати (САД).

Џамал ​​Мусијала постигна три гола за тимот од Минхен, Кингсли Коман, Михаел Олисех и Томас Милер постигнаа по два гола, а Саша Бое еднаш се запиша во листата на стрелците.

Баерн упати 31 удар кон голот на противникот (17 во рамките), додека Оукленд имаше само еден удар кон голот против германскиот тим.

Во второто коло од групната фаза на Светското клупско првенство, Баерн ќе игра против Бока Јуниорс, а Оукленд ќе игра против Бенфика.