Skip to main content
Магазин

Babylon Cafe згрижи бездомно куче и му најде нов дом

14/07/2025  19:54

Една кратка, но вистински убава приказна ни доаѓа од Babylon Cafe во Џевахир Мол, Аеродром. Преслаткото кутре по име Макс, кое било напуштено, гладно и изнемоштено, во четвртокот се појавило пред кафулето — а наместо да го игнорираат, тимот на Babylon одлучил да му подаде рака.

Со љубов, грижа и помош од неколку добри луѓе, Макс доби топол оброк, внимание и утрово – ја прими својата прва вакцина.

Најубавиот дел од приказната? Денес Макс замина во својот нов дом.

Во само неколку дена, од напуштен и сам, стана сакан и згрижен.

Babylon Cafe не е само кафич – тоа е заедница. Место каде секое срце наоѓа топлина, дури и оние најмали и најнеми.