Skip to main content
Свет

Азербејџан: Оружје причинител за падот на авионот во Казахстан

27/12/2024  23:59

Владата на Азербејџан соопшти дека употреба на оружје е можна причина за падот на патничкиот авион во близина на градот Актау, Казахстан, при што загинаа 38 лица.

„Истрагата ќе разјасни какво оружје е употребено за да се предизвика овој пад,“ изјави министерот за транспорт Рашад Набиев, пренесува државната новинска агенција Азертаг.

Според Набиев, остатоците и сведочењата укажуваат на надворешно оштетување на авионот додека летал кон аеродромот во Грозни, главниот град на Чеченија.

„Се слушнала експлозија, по што авионот бил погоден од нешто,“ рече Набиев.

Во моментот на инцидентот, руската противвоздушна одбрана наводно била во борба со украински дронови во регионот. Набиев не прецизираше кој пукал во авионот.