
На 20.03.2026 во 18:30 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на регионалниот Радовиш- Конче, на влез во с.Конче, патничко возило „тојота” со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А.(42) од Радовиш, удрило во осумгодишно дете од с.Конче, општина Конче.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.

