Skip to main content
Хроника

Автомобил удри во жена во Струмица – се здобила со тешки повреди

30/03/2025  12:13

Жителка на Струмица со „пежо 407“ удрила 39-годишна жена од село Радово, информираше Министерството за внатрешни работи.

„На 29.03.2025 во 18.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од улицата Братство единство и улицата Браќа Миладинови во Струмица, патничко возило „пежо 407″ со струмички регистарски ознаки, управувано од 39 – годишната М.С. од с.Радово, струмичко, удрило во пешакот М.Ф.(39) од Струмица“, се вели во полицискиот билтен.

Струмичката полиција информира дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ф., констатирани во болницата во Струмица.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Струмица.