Skip to main content
Хроника

Автомобил удри во пешак, затворен за сообраќај патот Крива Паланка – Деве Баир

26/05/2025  15:00

„На ден 26.05.2025 од 13.30 ч.има прекин на патен сообраќај А2 Крива Паланка кон Деве Баир во двата правци за секаков вид на моторни возила, поради случена сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило и пешак“, информира АМСМ.

Сообраќајот се пренасочуваше преку централното градско подрачје на Крива Паланка само за патнички моторни возила.

Во 14.15 часот сообраќајот е нормализиран.