Skip to main content
Хроника

Автомобил удри во пешак во Штип, 68-годишна жена тешко повредена

16/04/2025  13:23

Вчера на улицата Пиринска во Штип, автомобил „форд фиеста“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.М.(35) од Виница, удрило во пешакот С.С.(68) од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С. констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип, објави МВР во дневниот полициски билтен.