
Автомобил бил оштетен од куршум на паркинг во Карпош.
– На 21.11.2025 во 11:20 часот во СВР Скопје, С.Н.(28) од Скопје, пријави дека на паркинг простор на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиното паркирано патничко возило „пежо“ било оштетено од заталкан куршум од огнено оружје, информираа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

