Skip to main content
Хроника

Автомобил гори на автопатот Скопје – Тетово

31/03/2025  17:42

Автомобил од марката BMW се запалило поладнево на автопатот Скопје-Тетово.

Според фотографиите што ни ги испратија наши читатели, автомобилот се запалил во возење во близина на индустриски објекти на автопатот Скопје-Тетово.

Од СВР Тетово кусо ни изјавија дека опжарувањето на возилото е пријавено пред петнаесетина минути, а дежурна полициска екипа е веќе на пат кон сообраќајната незгода.