Skip to main content
Балкан, Македонија

Автобуси од Македонија заминаа да го поддржат Вучиќ на собирот во Ниш

17/05/2025  18:31

Неколку автобуси од Скопје со поддржувачи на српскиот претседател Александар Вучиќ заминаа од Скопје за Ниш каде се одржува големиот народен собир.

Движењето за народот и државата ќе биде претставено во Народното собрание, а претседателот Вучиќ ги покани граѓаните од Ниш и од сите делови на Србија да дојдат и да демонстрираат на мирен и достоинствен начин дека пристојна Србија не може да биде поразена.

Вучиќ најави дека ќе презентира идеи за тоа како треба да изгледаат Србија и Ниш во иднина.

Градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ, претходно денес изјави дека сè е подготвено за одржувањето на народното собрание, наведувајќи дека очекува тоа да биде најголемото собрание досега одржано во Ниш, и ги покани сите граѓани на Србија да дојдат на собранието.