Skip to main content
Хроника

Австралијка прегазена и тешко повредена во Охрид

26/06/2025  14:37

На 25.06.2025 во 14.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Абас Емин“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.В.(49) од с.Долно Лакочереј, охридско, удрило во Л.Ш.(65) од Австралија, со престој во Охрид, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ш., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.