
Австралија ќе им нуди на домаќинствата, вклучително и на оние без соларни панели, најмалку три часа бесплатна сончева енергија секој ден во рамките на програмата за заштеда на енергија што треба да стане активна во 2026 година, изјави австралискиот министер за енергетика Крис Бовен.
Програмата „Соларен делител“ прво ќе биде лансирана во државите Нов Јужен Велс, Јужна Австралија и југоисточен Квинсленд, пред да се прошири во други делови од земјата.
Жителите ќе можат да користат бесплатна енергија во периодите на врвно производство, главно во средината на денот.
„Домаќинствата што ќе успеат да ја прилагодат својата потрошувачка на периодите на бесплатна електрична енергија ќе имаат директна корист, без разлика дали имаат соларни панели или не, и без оглед на тоа дали се сопственици или изнајмувачи. Колку повеќе луѓе се приклучуваат на програмата и ја префрлаат својата потрошувачка на овие часови, толку е поголема користа за целиот систем и толку се пониски трошоците за сите корисници на електрична енергија“, рече Бовен.
Програмата е достапна и за станарите во згради што немаат свои панели.
Во Австралија, околу четири милиони домаќинства веќе имаат соларни панели на своите покриви.
Програмата ќе им биде достапна и на станарите во згради кои немаат свои соларни панели, под услов да имаат паметен броило и да ја прилагодат потрошувачката на енергија на средина од денот, кога можат бесплатно да користат електрична енергија или да полнат електрични возила.
Австралија постави цел во 2022 година дека до 2030 година, 82 проценти од нејзината електрична енергија ќе доаѓа од обновливи извори, со законски потребно намалување на емисиите на стакленички гасови од 43 проценти во споредба со нивоата од 2005 година.

