Skip to main content
Македонија

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025

27/10/2025  12:10

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги информираат радиодифузерите дека денеска е крајниот рок за објавување резултати од испитувањето на јавното мислење за вториот круг од Локалните избори 2025 година.

Согласно Изборниот законик, анкетите на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на изборите за вториот круг на гласање, односно најдоцна до 24:00 часот на 27 октомври 2025 година.

Резултати од испитувања на јавното мислење спроведени на самиот ден на изборите не смеат да се објавуваат пред затворањето на избирачките места, стои во соопштението од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.