Skip to main content
Свет

Авион со 20 луѓе се урна во САД, нема жртви

09/06/2025  10:49

Авион кој превезувал 20 луѓе се урна во САД, но за среќа заврши без смртни случаи. Несреќата се случила во сојузната држава Тенеси, во близина на градот Тулахома.

Портпарол на локалните власти појасни дека три лица се повредени и се пренесени со хеликоптери во болница.

Авионот бил двомоторен „Де Хавиланд“. Тој се урнал веднаш по полетувањето од аеродромот во Тулахома, без да предизвика штета на копнената инфраструктура.

Снимки на социјалните мрежи го покажуваат авионот со скршен опаш и откинати крила.

Според локалните медиуми, овој тип авиони се користат за транспорт на падобранци.