
Шестгодишно девојче е извлечено од запалените остатоци на авионот што се урна вчера во Германија.
Според информациите, нејзиниот татко не можел да се спаси.
Според пишувањата на медиумите, маж од Келн, кој управувал со мал авион кој од засега непознати причини се урна во близина на Санкт Агустин, починал на лице место, а девојчето со тешки повреди е пренесено во болница, но е во стабилна состојба.
Авионот се урнал во поле набргу по полетувањето во петокот нешто по пладне. По падот, леталото се запалило. Лицето кое прво истрчало да им помогне на настраданите исто така е повредено.
Очевидци наведуваат дека кога истрчале на теренот, леталото било целосно во пламен. Според извештаите, авионот полетал од аеродромот Хангелар во близина на Бон непосредно пред несреќата.
На местото на несреќата брзо пристигнале бројни противпожарни бригади, три спасувачки хеликоптери и неколку екипи на брзата помош.