Skip to main content
Свет

Авион на Рајанер принудно слета во Германија поради бура, деветмина повредени

05/06/2025  11:44

Авион на авиокомпанијата Рајанер што летал од Берлин кон Милано принудно слета на аеродромот Меминген во Германија откако наиде на силни турбуленции предизвикани од бура.

Според информациите на германската полиција, седум патници се здобиле со полесни повреди, а двајца се пренесени во болница поради потешки повреди, јави ДПА.

-Никогаш досега не сум почувствувал таков страв. Во тој момент мислев дека авионот ќе се распадне, изјави еден од патниците за германскиот весник „Билд“.

Фотографии објавени од „Билд“ ја прикажуваат внатрешноста на авионот со оштетени панели и вознемирени патници. Некои од нив, кога започнале турбуленциите, не биле врзани со сигурносен појас. Весникот наведува дека екипажот не давал континуирани инструкции за време на кризата.

По принудното слетување, итните служби веднаш интервенирале на аеродромот Долна Алгоја. Иако никој не бил во животна опасност, една патничка се здобила со сериозна повреда на главата.

Патниците биле пренасочени на други летови.