Skip to main content
Свет

Авион на јужнокорејската морнарица се урна со четири лица во него, нема информации за преживеани

29/05/2025  11:07

Авион за патролирање на јужнокорејската морнарица со четири лица во него се урна на планина во Поханг, град во југоисточниот дел на земјата, јави новинската агенција Јонхап.

Морнарицата, во кусо соопштение наведе дека несреќата се случила откако леталото полетало за вежба, но се урнало „поради неидентификувани причини“.

Морнарицата потврди дека четири лица биле во авионот, додавајќи дека истражува дополнителни детали.

Противпожарни екипи веќе се испратени на местото на настанот за да го изгаснат пожарот.