Skip to main content
Свет

АУ предупреди на опасност од проширување на епидемијата на мајмунски сипаници

21/02/2025  11:10

Одделот за здравство на Африканска Унија (АУ) предупреди на ризикот од ширење на епидемијата на мајмунски сипаници во Демократска Република Конго, бидејќи конфликтот во источниот дел од земјата ги принудува заразените пациенти да бегаат.

АУ наведува дека повеќе од 400 пациенти избегале од центрите за третман на мајмунски сипаници во Јужен Киву и оти не се знае каде се тие луѓе.

Источната провинција Јужен Киву се смета за едно од жариштата на епидемијата на мајмунски сипаници во ДР Конго.