Skip to main content
Македонија

Атанасов: Во Неготино, СДС кандидира човек кој е продолжена рака на Заев и Филипче

26/06/2025  13:21

За многу брзо, ќе бидеме пред важна изборна одлука. Повторно се бара од нас да избереме – помеѓу прогрес и стагнација, помеѓу одговорност и заборав, помеѓу иднина и минато.

Од спротивниот табор, СДС ни предлагаат кандидати кои не се ништо друго освен продолжена рака на истите стари навики, истакна на прес-конференција Стојанче Атанасов, член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Неготино.

Според него тоа е само уште една алка од синџирот на корупција кој со години го гуши нашиот град.

„СДСМ веќе покажа што знае – и тоа не е работа, туку распродавање. Не е грижа за граѓаните, туку грижа за тендери, за блиски луѓе, за личен интерес.

Неготино се споменува низ државата, но не како пример за развој, туку како симбол на неодговорност и коруптивност“.

И сега повторно, додава тој, истата партија сака нов мандат.

„Повторно истите луѓе, со истите структури, со истите интереси. Дали ќе дозволиме повторно градот да се води од сенка?

Ние велиме – доста е!

Ова не е изборна кампања. Ова е борба за достоинство на нашиот град. Потребна е локална власт која не се крие, туку одговара. Власт која работи, а не режира. Власт која носи промени, а не оправдувања“, истакнува Атанасов.