
По рекордно распродаденото прво шоу закажано за 21 ноември, познатото актериско дуо Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски закажаа уште едно стендап шоу “На линија” за 23 ноември исто така во салата “Јане Сандански” во Скопје со почеток од 20 часот.
Специајлни гости и овојпат ќе бидат се актерите Александар Михајловски и Антонио Ташковски, но побрзајте и кипете ги билетите веднаш затоа што реприза нема да има.
“Првото шоу се распродаде за рекордно време, а интересот едноставно не престанува!
Затоа на ваше барање – Атанас и Тино се враќаат со втор стенд-ап!!”, велат од организацијата.
„По 4 распродадени арени, германска, европска и македонска турнеја и повеќе од 30.000 насмеани лица, време е за следната голема страница. Со претходниот проект „НАТпросечен Македонец“, Тино и Атанас не само што испишаа историја на македонската стендап сцена, туку поставија и рекорд во продажбата на билети“, додаваат од таму.
Имено минатата година тие двајца рекордно дури четири пати ја наполнија салата “Јане Сандански”, па затоа не го пропуштајте и овој пат шоуто кое ветува смеа до солзи.
Продажбата на билетите започнува на 29.10.2025 во 09:00 ч. ексклузивно на ticketx.com.mk.
