Skip to main content
Скопје

Арсовска: Вики Ганиу сега ќе ги мести на затворски казни вработените во неговата општина

05/06/2025  14:13

Градоначалничката Данела Арсовска денес повторно се огласи на социјалните мрежи, споделувајќи видео на кое Ганиу во изјава за медиум истакнува дека тој како градоначалник последен одговорен, само само потпишува документи.

“Висар Вики Ганиу не само што бега од мене, сега бега и од сопствената сенка. Не бил тој виновен, тој на крај потпишувал. Криви сега ќе бидат службениците кои работат за плата во општината, они го местеле.

Вики Ганиу сега ќе ги мести на затворски казни вработените во неговата општина, само тој и Изет Меџити да не одговараат за урбаниот криминал.

Инаку по 15 дена уште се чекаат институциите да влезат во општината и службено да ги обезбедат доказите.

Погледнете го видеото”, напиша Арсовска на социјалните мрежи споделувајќи видео прилог од телевизија Алџезира Балкан, во кој за случајот со дивоградбите во Чаир, Ганиу дал изјава во која вели дека тој последен одлучува и само става потпис на документите.

Видеото погледнете го на Фејсбук со клик ТУКА.