Skip to main content
Скопје

Арсовска: Толку им е незгодно што не смеат да му писнат на нивниот соработник Висар Ганиу, затоа секојдневно ме напаѓаат

21/07/2025  15:58

Градоначалничката на град Скопје секојдневно е мета на напади од страна на ВМРО ДПМНЕ кои со жив штит го бранат Висар Ганиу иако за истиот над 3000 страни цврсти докази за злосторничко здружување, фалсификати, перење пари и злоупотреба на службена должност и овластување се доставени до јавното обвинителство, соопштија од Град Скопје.

Градоначалничката попладнево се огласи преку статус на социјалните мрежи:

Толку им е незгодно што не смеат да му писнат на нивниот соработник Висар Ганиу, затоа секојдневно ме напаѓаат, бидејќи народот гледа и реагира дека не постапуваат против криминалот.

Денес му напишале 3 реченици на еден во штаб да ги прочита против мене, а Изет Меџити на Канал 5 го викнале на поправно интервју бидејќи на претходното излажа дека сум го тепала командант Барути. Да видиме вечер што ќе измисли. Подгответе се за нежно интервју без вистинските прашања.

Најголемата опасност за јакиве лидери е една жена сама, наспроти сите нив. Бидејќи сега “се разбудив”, да прашам додека “спиев” да не ги уапсија криминалците од ДУИ и Заев, пишува Арсовска.