Skip to main content
Македонија

Арсовска: Снимав диво приклучување, добив закани – МВР ми ја спушти слушалката

01/06/2025  14:21

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку пренос во живо откри како фирма од општина Сарај нелегално се обидува да се приклучи на атмосферската канализација на булевар Словенечка.

Според нејзините наводи, откако ги снимала сторителите и се обидела да го пријави случајот во полиција, од Министерството за внатрешни работи ѝ спуштиле слушалка.

Арсовска тврди дека добила и закани по живот од одредени лица, а целиот случај го има лично документирано со видеоматеријал. Таа бара институциите да постапат, бидејќи, како што вели, дивоградбите и узурпацијата на јавниот простор мора да престанат, без разлика кој стои зад нив.

Се очекува Јавното обвинителство и МВР да поведат постапка врз основа на документираните докази.