Skip to main content
Македонија

Арсовскa алармира за опасни згради и криминал во Чаир

24/11/2025  17:38

Поранешната градоначалничка на Скопје упати јавно прашање до Ислам Абази од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, барајќи конкретни чекори за заштита на граѓаните и спречување на криминалните активности во општина Чаир.

Во објавата на својот фејсбук профил , таа тврди дека доставила илјадници страници непобитни докази за случаи на криминал и фалсификати, при кои, како што наведува, лица на петгодишна возраст стекнале милионско богатство со пари од нелегални извори.

„Време е да покажете дека стоите на страната на законот и дека безбедноста на луѓето ви е важна. Во спротивно, за секоја човечка и материјална штета ќе бидете лично одговорни“, порача таа.

Таа дополнува дека над 1.500 семејства живеат во небезбедни згради, градени без дозволи, проекти и без исполнување на основните стандарди, со потенцијал за трагедии при природни непогоди или земјотрес.