
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со нова порака до власта.
„Половина од тие од ДУИ и СДСМ што зборуваа дека ја покрадоа и уништија државата денес им се во Владата и не смее да им писнат.
За тие што велеа ја дуизираат Македонија, криминалците од ДУИ и оној што го нарекуваа предавникот Заев, си шетаат по Дубаи.
Единствен осуден од ДУИ излезе дека е Стевчо Јакимовски.
Овие во Чаир 225 милиона евра испрале, во моментот темели на нови 50 згради без дозвола и без платени комуналии прават, за нив МВР и Обвинителство се на одмор, па ќе одат на боледување, па ќе чекаат да заборавите. Крадат вода, крадат струја, а вие побрзајте платете си ги сметките на време“, објави на социјалните мрежи Арсовска.