Skip to main content
Скопје

Арсовска: Од денес ќе ги објавувам документите за се што се правело во Чаир

02/06/2025  11:07

По заканите врз мене не постапуваат, дали по доказите ќе постапат? Не верувам, пишува утрово на социјалните мрежи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска,

„Зошто Мицкоски ги штити како што тој ги нарекува “господинот” Ганиу и “господинот” Меџити? Мицкоски вчера наместо да постапува по обелоденетите криминали на Висар Ганиу каде се вртат милиони, да побара итно надлежните институци да делуваат за нешто за што има информација дека се уништуваат докази, тој почна да тера политика и да ми се заканува со девалвации ставајќи се во одбрана на неодбранливото. Мицкоски јас и најлоша да сум, ти треба криминалциве да ги спречиш, не да ги браниш, па макар и браќа да ти се – а не ти се“ пишуваа таа.

Арсовска најави и дека јавно ќе ги објави сите документи што Град Скопје ги доставило до институциите.

„Од денес, јавно и со појаснување за сѐ, ќе ги објавувам документите кои се доставени до институциите и обвинителството, а секој граѓанин ќе може да види што се правело, ќе мора да види и обвинителството, по што се надевам неодложно ќе мора да ги обезбеди во целост документите за предметите од Висар Ганиу и Ејуп Адеми пред да ги уништат“ пишува Арсовска,