Skip to main content
Скопје

Арсовска: На видеото објавено од МВР не се гледаат боксовите што ми ги удира командант Барути

11/07/2025  20:45

Градоначалничката Данела Арсовска се огласи на социјалните мрежи откако во јавноста се појави видео снимка за која одредени медиуми тврдат дека Арсовска е таа која прва ја започнала тепачката во Чаир

,,На видеово сами што го лиферувале МВР. Не им се гледаат БОКСОВИТЕ И ШАМАРИТЕ што ми ги удира командант Барути. Ама им се гледало дека се бранам?

Јас го напаѓам него или тој мене? Јас се движам кон него или тој кон мене? Се враќам чекор назад и се бранам Како не ви е срам лавови вмровски, да го браните командантов на ОВК” пишува Арсовска.

Подолу, снимката која се појави попладнево.