Skip to main content
Скопје

Арсовска кон Стојковски: Од 29 нови улици во Ѓорче, 27 јас ти ги направив, те чекам на ТВ дуел

11/06/2025  09:15

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на социјалните мрежи реагира на последното интервју на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и го повика на ТВ дуел.

„Аце рекол: “Ги демантирам ставовите на градоначалничката на Град Скопје за наводна изградба на хемиска фабрика на територија на општина Ѓорче Петров” не се тоа ставови Аце туку факти, еве секој во Македонија кај тебе на веб страна може да ги види па и ти https://opstinagpetrov.gov.mk/wp-content/uploads/urbanizam/vazecki_urbanisticki_planovi/dup_gradska_cetvrt_sz_16_17_02_2024/sintezen_sz_16_gp.pdf

Аце рекол: “Ова се обиди на градоначалничката на Град Скопје да создаде хаос меѓу граѓаните.”  многу јако, јас сама а ти против мене со целата владеачка партија од 4тата економија во Европа со која изгласавте ДУП со хемиски фабрики

Аце рекол: “Како да е фиксирана за општината Ѓорче Петров” па нели на Чаир бев фокусирана, што си се уплашил толку

Аце рекол: “Арсовска работи, инвестира на други места додека пак во Ѓорче Петров не работи ништо”  Аце од сите нови 29 улици што ги имаш во Ѓорче, 27 ти ги направив јас!“ пишува Арсовска.

Потоа таа се осврнува и на веќе постоечките фабрики во тој дел од општината.

„Аце рекол: “Најодговорно тврдам пред целата македонска јавност дека на тој потег, ниту пак на било кој друг дел на територијата на општина Ѓорче Петров не постои локација на која што е предвидено или ќе се градат било каков тип на објекти од тешка индустрија” Аце многу директно ти кажав 157.000м2 објекти хемиска индустрија која е класифицирана како загадувачка

Аце рекол: “Објектот (Лафома) поседува сопствена пречистителна станица, под постојан надзор на Министерството за животна средина и сите релевантни државни органи”  Аце нели не загадува хемиската индустрија, што тогаш пречистува фабриката и што го истура во Лепенец? Бидејќи знаеш многу за фирмата и ги застапуваш, ајде чекаме да ни кажеш??

И за сѐ ова јас имам докази, а ти соопштение што ти го напишале во штаб.

Ајде уште еднаш да те прашаме, дали ти ги праша жителите на Ѓорче Петров дали тие сакаат хемиски фабрики на 157.000 m2 и над 30 висококатници да се градат сред општината? НЕ!“ пишува Арсовска.