
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва на социјалните мрежи упати остра реакција кон министерот за транспорт и врски Александар Николоски.
Реакцијата доаѓа по денешната седница за пратенички прашања на кој мнистерот одговараше за дивоградбите во Чаир.
„Ќе му пише ли некој на неписмениов што глуми министер дека Град Скопје СОГЛАСНО ЗАКОН е единствена од 81 општина што НЕМА ГРАДЕЖНА ИНСПЕКЦИЈА (пак да потенцирам за неписмениов аман така е утврдено со закон).
Има ли некој од неговите 500 партиски експерти, на корумпираниов што не можеше да добие безбедносен сертификат за да биде министер за надворешни работи или за одбрана, па мора да го трпиме да лупа глупости ко министер за транспорт да му каже дека негов орган е Државниот ИНСПЕКТОРАТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО.
За да го рушиш Вики господине министер, треба нешто повеќе од пари и партија, треба интегритет и храброст ШТО ТИ ГИ НЕМАШ!
И на крај појаснете му на Ацо туристот од Дубаи, дека МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ пред некој ден за дивоградби во Делчево и Македонска Каменица, ама среќа Чаир не е во источна Македонија бидејќи само во Скопје овие циркузантиве што си играат државници немаат ингеренции за ништо“ се вели во објавата на Арсовска.