
Соопштение за јавност на Град Скопје:
По бројните шпекулации истакнати од кадри на ВМРО ДПМНЕ во обид да се амнестираат за состојбата за работата на ЈП Комунална хигиена – Скопје, на социјалните мрежи Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, објави појаснување за надлежностите и одговорностите поврзани со управувањето на претпријатието.
Ако не ви е јасно дека кадрите на Мицковски се одговорни за ѓубрето низ Скопје, еве ќе се обидам да ви појаснам уште еднаш:
1. ЈП Комунална хигиена Скопје КХС по закон ја основа, за одлуки и согласности е надлежен СОВЕТОТ на Град Скопје (ВМРО/ВЛЕН).
2. Управниот одбор кој УПРАВУВА со КХС 4 години, е составен од членови ВМРО/ВЛЕН и е избран од Советот на град Скопје (ВМРО/ВЛЕН).
3. ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА на Управен одбор на КХС и осудена криминалка за 2 кривични дела од Судот на РМ е ВМРО и е наградена за тоа што градот тоне во ѓубре со советничко место од ВМРО во општина Бутел.
4. Одлуките за Оперативен план за работа и за вработување во КХС ги носи СОВЕТОТ на Град Скопје (ВМРО/ВЛЕН), а најголем број на одлуки намерно не ги гласаа за да предизвикаат хаос.
5. Функционирањето на секој директор се базира врз одлуките (позитивни или негативни) донесени од Управниот одбор на ВМРО/ВЛЕН и тој може единствено да спроведува тоа што тие ќе изгласаат. Кој директор и да е поставен е блокиран и зависен од нивните одлуки.
Ниту еднаш Советот на град Скопје (ВМРО/ВЛЕН) не превзема мерки за:
– да се обезбедат услови за непречено работење на КХС како што упатува Законот
– да го разреши Управниот одбор на КХС како што упатува Законот
– да го разреши Надзорниот одбор на КХС како што упатува Законот
– да ја промени организацијата на КХС како што упатува Законот
По логиката на МВРО и нивните послушници, утре би требало со полиција да упаднат во НБРМ и да има покренување на кривична постапка за Трајко Славевски за непревземање ниту една мерка по Закон.
Во прилог Законот, кој има трпение нека чита. На кој уште не му е јасно кој е одговорен за ѓубрето, или така му кажале во штаб за да се одбранат себеси или едноставно ужива да го лажат корумпираните политички елити.