
Порталот Инфомакс јавува дека градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска била физички нападната во скопската населба Чаир.
Арсовска која била на увид на нова дивоградба заедно со еден советник во Советот и вработени во Град Скопје завршила во Ургентен центар.
Како што дознава Инфомакс нападот се случил пред очите на полициски службеници, а на тоа претходеле и вербални закани по живот, закани за силување, семејствата и децата на екипата на Град Скопје.
Настанот го потврди и МВР.
-На 11.07.2025 во 12:15ч од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на ул.”Кумбара” физички била нападната градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица и упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот по што се упатила во ГОБ 8 Септември за укажување лекарска помош – се вели во информацијата од МВР.