
Поплавата во Батинци, општина Студеничани, е резултат на негрижата и неодржувањето на каналите од страна на локалните власти. Оваа активност е нивна законска обврска, која треба континуирано да се спроведува за да се спречат вакви несреќи напиша Арсовска на својот фејсбук профил.
Наместо навремено да реагира и да го спречи излевањето на реката, градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, избра да глуми спасител со лажен хероизам и да се фотографира на терен, без да признае дека проблемот е создаден токму поради неговата негрижа.
Со сликање и глумење спасител не се решаваат проблемите, туку со навремена превенција и одговорно управување. Излевањето на реката во Батинци предизвика проблеми и во Скопје, каде што противпожарната бригада на Град Скопје и екипите на ЈП Водовод и канализација веднаш се активираа на терен за санирање на штетите и нормализација на состојбата.
Нашите екипи се посветени на работа и немаат време за фотографирање и глумење херои – тие се тука за граѓаните и нивната безбедност. Град Скопје ќе продолжи да се грижи за граѓаните и да ги решава проблемите, без разлика на неодговорноста на локалните власти.