Skip to main content
Uncategorized

Арсовска ги објави јавно документите со криминал од Чаир откако советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја прекинаа седницата на Град Скопје

03/06/2025  19:07

Иако беше кажано дека криминалот со дивоградбите во Општина Чаир ќе биде разгледуван на денешната седница на Град Скопје, советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои го прават мнозинството во советот не го изгласаат дневниот ред и практично ја затворија седницата пред таа да започне.

Токму поради тоа градоначалничката Данела Арсовска повторно се уклучи во живо и пред граѓаните ги покажа сите документи кои ги има за случаите со криминал во Чаир.

“1. Упис на фалсификатите на Ганиу во катастар

ВМРО-ДПМНЕ денес покажа дека е подготвено ако има потреба и со жив штит да го бранат криминалот на Висар Ганиу и Ејуп Адеми со незаконските дивоградби во општина Чаир.

Македонија денес можеше да посведочи дека коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се плашат да зборуваат за дивоградбите.

Поднесоа иницијатива за вонредна седница на Советот на град Скопје за дивоградбите во Чаир, Сарај и останатите скипски општини која потоа ја повлекоа самите, иако апелирав да ја гласаат за да имаат можност да направат увид во документите кои Висар Ганиу ги фалсификувал.

За жал, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН во град Скопје одлучија да ја повлечат својата точка од дневен ред бидејќи во предлогот имаа напишано дека точката по која бараат дискусија е за „дивоградби во општина Сарај и во другите општини во град Скопје“. Исплашени од можност дека освен за дивоградби во Сарај ќе се дискутира и за други дивоградби ја повлекоа точката од дневен ред и избегаа од салата на Советот на град Скопје.

Срамот денес треба да го види цела Македонија. Нема „горда Македонија“, оваа владејачка коалиција активно испорача „криминална Македонија“.”, напиша таа на Фејсбук.

Видеото од објавените документи погледнете го со клик ТУКА.

“2. Бришење од Ганиу на предметот со фалсификатите од катастар за да може да уништува докази

ВМРО-ДПМНЕ денес покажа дека е подготвено ако има потреба и со жив штит да го бранат криминалот на Висар Ганиу и Ејуп Адеми со незаконските дивоградби во општина Чаир.

Македонија денес можеше да посведочи дека коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се плашат да зборуваат за дивоградбите.

Поднесоа иницијатива за вонредна седница на Советот на град Скопје за дивоградбите во Чаир, Сарај и останатите скипски општини која потоа ја повлекоа самите, иако апелирав да ја гласаат за да имаат можност да направат увид во документите кои Висар Ганиу ги фалсификувал.

За жал, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН во град Скопје одлучија да ја повлечат својата точка од дневен ред бидејќи во предлогот имаа напишано дека точката по која бараат дискусија е за „дивоградби во општина Сарај и во другите општини во град Скопје“. Исплашени од можност дека освен за дивоградби во Сарај ќе се дискутира и за други дивоградби ја повлекоа точката од дневен ред и избегаа од салата на Советот на град Скопје.

Срамот денес треба да го види цела Македонија. Нема „горда Македонија“, оваа владејачка коалиција активно испорача „криминална Македонија“.”, стои на вториот дел од видеото во кое таа ги презентира документите.

Вториот дел од видеото можете да го погледнете со клик ТУКА.