Skip to main content
Скопје

Арсовска до Меџити: Не се глупирајте, кажете колку пари земавте

29/05/2025  18:49

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на социјалните мрежи реагираше на ставовите на вицепремиерот Изет Меџити дека таа може да ја дестабилизирала државата.

„Изет, единствена дестабилизација од мене ќе добиете ти и твојот измеќар Висар што ти ги потпишувал незаконските дивоградби за кои луѓе ви платиле милиони евра, а сте ги лажеле дека ќе можат да ги легализираат.

Не се глупирајте, ви ја знаеме играта, ви ги знаеме лагите, знаеме кога се обидувате да манипулирате со јавноста и да ја дефокусирате. Како тоа секогаш кога некој ќе ви чепне во криминалот тоа е „обид за дестабилизација“?

Каква е таа матрица на ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ВЛЕН? Секогаш кога се во тесно, кога флагрантно се фатени со „рачињата во медот“, тоа било обид за дестабилизација. Каква дестабилизација? Што ќе се дестабилизира?

Ќе ви кажам јас што. Единствено нешто што ќе се дестабилизира од откривањето на криминалот со дивоградбите во Чаир е вашата комоција и прилив на нелегални пари. Тоа ќе биде дестабилизирано.

Кажете колку пари земавте за нелегалните објекти, не се глупирајте“ пишува Арсовска.