
Соопштение на Град Скопје:
Како ќе функционира ЈП „Комунална хигиена” – Скопје во следните 5 дена прашајте го премиерот Мицковски кој лично од својот кабинет го наредува овој хаос кој воедно и го најави како интересна разврска на прес конференција непосредно пред да се случи.
Го повикуваме премиерот Мицковски кој има своја претседателка на Управен одбор од ВМРО која воедно е и осуден криминалец за 2 кривични дела во 2006 и 2022 година, да го повика Управниот одбор на Комунална хигиена Скопје согласно член 24а став 2 од Законот за јавни претпријатија во случај да донесе одлука за разрешување на директорот и согласно став 3 од истиот член да именува вршител на должност на претпријатието.
Мицковски го тероризира градот со своето режимско и диктаторско владеење преку својот Управен одбор, злоупотребувајќи ги институциите и полицијата да сее страв и да врши репресија пред избори.
Го прашуваме директно и базирано врз доказите кои граѓаните секојдневно ги изнесуваат во јавност:
1. Дали е приведен директорот на Јавното комунално претпријатие Тетово за еко хаваријата што ја предизвика со отпадот во Вардар и зошто не?
2. Дали е приведен директорот на Јавното комунално претпријатие Гази Баба за еко хаваријата што ја предизвика во Јурумлери со отпадот кој го фрла сред природа со општински камиони и зошто не?
3. Дали е приведен директорот на JП Чистота и зеленило Куманово за еко хаваријата што ја предизвикува секојдневно со отпадот низ Куманово и зошто не?
Или таму РЕЖИМСКИОТ ДИКТАТОР Мицковски не дал наредба да се апси?
