Skip to main content
Македонија

Армијата активно е вклучена во гаснењето на пожарите на територијата на државата

09/07/2025  21:14

Армијата согласно одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на дел од припадниците на Армијата во гаснењето на пожарите и одлуката за постоење на кризна состојба донесена од Владата заради зголемена појава на пожари, како и побарувањата на Центарот за управување со кризи активно се вклучи во гаснење на пожарите на целата територија на нашата држава. Во согласност со побарувањата, ангажирани се над 150  припадници на Армијата во следните општини:

  1. Ѓорче Петров – ангажирани над 60  лица;
  2. Крива Паланка – ангажирани околу 30 лица;
  3. Село Николиќ, Дојран – ангажирани над 50 лица.

Дополнително во реонот на Визбегово, Општина Шуто Оризари, ангажиран е еден тим од Четата за атомско биолошка и хемиска одбрана за собирање на податоци за утврдување на квалитетот на воздухот од запалениот отпад во овој реон.

Армијата останува подготвена за натамошна поддршка и интервенција каде што е потребно, во координација со надлежните институции.