
Арбен Зибери, поранешниот пратеник од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), донесе одлука да ја промени партиската средина. Тој преминува во Демократското движење предводено од Изет Меџити, кое е дел од коалицијата ВЛЕН.
Зибери е познат во јавноста како еден од најактивните пратеници во Собранието на Македонија.Покрај политичкиот ангажман, тој е и докажан медицински професионалец, а во минатото ја извршуваше функцијата директор на Центарот за јавно здравје.


