Претседателот на Алијансата за Албанците и Министер за здравство Арбен Таравари е поканет да учествува на церемонијата на инаугурација што ќе се одржи на 20 јануари 2025 година (понеделник) во Вашингтон.
„Учеството на Таравари на овој голем настан е доказ за силните врски што тој како претставник на Албанците во Владата на Северна Македонија ги изгради со новата американска администрација. Овој настан одразува уште еден важен чекор кон зајакнување на односите со САД. Зајакнувањето на врските меѓу Скопје и Вашингтон е гаранција за понатамошна поддршка на евроинтегративниот процес на нашата земја, за што Таравари секогаш се залагаше во текот на својата политичка кариера“, се наведува во соопштението.
За време на престојот во САД, Таравари се очекува да оствари неколку значајни средби со високи американски претставници, како и со други земји.