Skip to main content
Свет

Арагчи: Иранскиот народ ќе го избере новиот врховен лидер на Иран

08/03/2026  19:17

Министерот за надворешни работи на Иран Абас Арагчи, изјави дека иранскиот народ ќе го избере својот лидер, a не американскиот претседател Доналд Трамп. Арагчи реагираше на изјавата на претседателот на САД Доналд Трамп дека тој мора да биде вклучен во изборот на наследник на врховниот ирански лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

– Нема да дозволиме никој да се меша во нашите внатрешни работи. Ова е прашање само за иранскиот народ и на никој друг, рече Арагчи.

Според него, Трамп треба да се извини за војната, убиствата и разурнувањата на Блискиот Исток.

– Очигледно е дека нашите ракети не можат да стигнат до американска почва. Она што можеме да го направиме е да нападнеме американски бази и инсталации околу нас, додаде шефот на иранската дипломатија.

САД и Израел го нападнаа Иран во сабота, на 28 февруари, што го натера Техеран да возврати со ракети кон Израел, Кувајт, Бахреин и други земји од Блискиот Исток кои имаат американски бази.