
На 01.06.2025 година во 01.15 часот полициски службеници од СВР Тетово на регионалниот пат Тетово- село Желино, ја лишиле од слобода Ф.Ш.(19) од Гостивар, кај која во патничко возило „Оpel Corsa“ со гостиватски регистерски таблици, бил пронајден и одземен пиштол марка „SMITH & WESSON“ со шест куршуми калибар 45 милиметри.
Таа е задржана во полициска станица за понатамошна постапка и против неа ќе следува соодветен поднесок во врска член 396 од КЗ на РСМ.