
На 16.12.2025 во 01:50 часот на Граничниот премин „Meѓународен Аеродром Скопје”, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода М.Х.(26) од Италија и Ч.Л.(27) од Кина, затоа што при извршени гранични проверки констатирано е дека приложиле фалсификувани документи. Тие биле задржани во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.
На 16.12.2025 во 15:20 часот на Граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје”, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода О.А.(46) од Р.Турција, затоа што при извршена гранична контрола и проверки во оперативна евиденција констатирано е дека евидира со мерка „апси” по барање на Интерпол. Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
