Skip to main content
Македонија

Апел за помош: Виктор Васиљевиќ починал во Шпанија, а семејството нема доволно средства за да го донесе дома

04/01/2025  21:18

На социјалните мрежи се шири апел за помош на родителите на Виктор Васиљевиќ кој за жал е починат на 23.12.2024 година во Шпанија, а телото му е се уште таму и на семејството му е потребна финансиска помош за транспорт на телото.

Од она што е објавено до 26.12 пресметката е 8 000 евра, а дали ќе има дополнителни трошоци, семејството се уште не знае.

“Ве замолуваме секој кој има можност да донира, зашто секој што го познаваше Виктор знае каков човек беше” – велат од семејството.

Трансакциска сметка
Јовица Васиљевиќ
210501793283960
IBAN: MK07210501793283960
SWIFT: TUTNMK22

PayPal call.me.amor@icloud.com

Како што додаваат корисниците на социјалните мрежи веќе има активни и мобилни броеви за донирање:
143 134 Телеком
143 483 А1

Со донација од 100 денари ќе помогнете да се соберат потребните парични средства за телото на Виктор да може да се транспортира во Македонија и да биде погребан.